Не му доаѓа памет, Морант повторно си игра со пиштоли (Видео)

Кошаркарот на Мемфис гризлис, Џа Морант, кој во март беше суспендиран поради прекршување на правилата на НБА-лигата и покажување огнено оружје во ноќен клуб, повторно се појави со пиштол.

Морант кој ја заврши сезоната во НБА по елиминацијата на неговиот тим од ЛА Лејкерс во првото коло од плејофот, е главна ѕвезда во видеото кое се појави на социјалните мрежи и на кое се гледа како тој мавта со пиштол.

Само неколку часа откако се појави видеото на социјалните мрежи, неговиот тим Мемфис гризлис, експресно го суспендира Морант на неодредено време.

- Оглас -

Најнови вести