Не носел костум, нема да успее во Арсенал

Арсенал во првиот меч по отказот на Унаи Емери, односно преземањето на клупата од страна на клупската легенда Фреди Љунберг, ремизираше на гостувањето кај Норвич со 2-2. Топчиите повторно покажаа знаци на нестабилност, особено во одбраната, по што логично е да следува нов бран критики.

Кога упорно се бара причина за критикување, ќе се најде, па ја најде и Пол Сколс, но иконата на Манчестер јунајтед критиките ги насочи кон привремениот тренер на Топчиите, а не на настапот на тимот од Лондон. Бизарно е што Сколс вели дека Љунберг нема да успее во Арсенал само затоа што не покажал почит кон новата работа со тоа што пред почетокот на мечот бил во облека по негов избор наместо да го облече традиционалниот костум на клубот.

„За мене, добар старт на новото работно место и почит кон него се покажува со тоа што ќе се појавиш во костум, особено ако е со грбот од клубот. Кошула и вратоврска укажуваат на дисциплина, а кај Фреди очигледно тоа недостасува. Мислам дека не е вистинскиот човек за оваа работа“, истакна Сколс.

 

- Оглас -

Најнови вести