Не одговара терминот од 19:30, дербито дефинитивно е одложено

Дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул наиде на проблеми непосредно пред почетокот, откако навивачи на Црвените ѓаволи влетаа на теренот во знак на протест против сопствениците Глејзер.

Дуелот меѓу двата најтрофејни англиски клуба се одложи и беше најавено дека можно е да се одигра два часа подоцна, односно во 19:30 часот.

Сепак, претставниците на клубовите и Премиер лигата не најдоа заеднички јазик, по што терминот не одговара, па сега се одлучува дали воопшто дербито да се одигра денес или да се премести за утре, односно дополнително ќе се разговара околу нов термин.

- Оглас -

Најнови вести