Не оди и не оди, Милан шокиран од Лече во 92-рата минута (Видео)

Ниту менувањето на тренерот и поставувањето на Стефано Пиоли за нов шеф не донесе резултатски напредок кај Милан. Росонерите вечерва, на свој терен одиграа само 2-2 против Лече. Милан беше под огромен притисок да победи и кога Пјонтек погоди во 82-рата минута, а се чинеше дека сепак ќе победат домашните, но изгореа во желбата и Лече даде гол за реми во втората минута од судиското продолжение.

На Пиоли денеска му беше роденден, но веќе се гледа дека ќе има проблем за време на престојот во Милан, особено што навивачите мислат дека е човек на Интер, нешто што и самиот го кажа пред некоја година, кога го водеше тој клуб.

Ова е голот на Калдерони, со кој Лече изедначи на 2-2 и освои бод на „Сан Сиро“:

https://www.youtube.com/watch?v=BhVWB4enDEo

- Оглас -

Најнови вести