Не помогна ни смената на Анри, Монако повторно загуби

Дижон ја искористи ситуцијата во Монако и ги освои бодовите во дербито на дното во Франција со победа од 2:0. Со головите на Јужнокореецот Квон Чанг-Хон и на Наим Слити, домаќините освоија значајни бодови во битката за опстанок и го оставија Монако без победа во 2019 година во француското првенство.

Клубот од кнежевството го суспендира Тјери Анри, но и тоа не предизвика позитивна шок-терапија, па и новиот тренер Франк Паси тргна со пораз.

Сега се очекува најавениот кам-бек на претходниот тренер Леонардо Жардим, но и со него Монако не играше добро и тешко освојуваше бодови. По новиот пораз вечерва популарните „кнезови“ останаа претпоследни на табелата со скромни 15 бодови на 22 натпревари.

Дижон успеа да побегне од опасната зона и има 20 бодови на 16-та позиција во француското првенство.

- Оглас -

Најнови вести