Не помогна ниту газдата на Далас, поранешниот соиграч на Леброн повторно проси (видео)

Делонте Вест повторно е на улица и проси. Според видеото кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи, поранешниот НБА-кошаркар повторно е бездомник и моли за корка леб.

Очигледно не помогна интервенцијата на Марк Кјубан, сопственикот на Далас, кој пред околу една година го тргна Вест од улица и се пушти во мисија да го врати во нормален живот.

https://twitter.com/RTNBA/status/1535732335164940289

Заглавен беше на наркотици, па Вест заврши во центар за одвикнување, а доби и работа со цел да се издржува. За жал, според видеото, тој им се вратил на старите навики.

Вест во својата НБА-кариера го носеше дресот на Кливленд, каде што му беше соиграч на Леброн Џејмс, а брои настапи и за Сиетл, Бостон и Далас.

- Оглас -

Најнови вести