Не припариле до победа веќе четири години – Бугарите имаат комплекс, Македонија мора да искористи и да им ја продолжи мизерната серија

Бугарија има веќе и комплекс со настапите на гостински терен и нанижа неверојатна и црна серија од 22 меча без победа на гостински терен, што ќе се обиде да ја прекине вечерва во Скопје против Македонија.

Последен пат Бугарите се радувале на триумф на гостински терен во септември во 2018 година, кога ја победија Словенија со 2:1 во Љубљана, во меч од Лигата на нациите.

Оттогаш веќе четири години трае една од најдолгите серии без победа на европска селекција на гостински терен.

Бугарите најавија дека ќе се обидат да ја прекинат низата неуспеси во Скопје, вечерва од 20.45 часот во директен дуел за второто место во нашата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.

Мечот нема посебно резултатско значење бидејќи веќе се знае дека Грузија е победник во групата, но за престиж значи многу.

Победа на Македонија во дуелите со соседите, како и кај сите останати репрезентации, сепак вреди многу, а ќе значи и враќање на самодовербата кај репрезентативците по одличните настани во последно време, што резултира со настап на прво Европско првенство лани, а и со победи против гигантите Германија и Италија и настап во последната бараж-фаза за учество на Мундијалот во Катар, кога бевме поразени во Порто од Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести