Новак Ѓоковиќ втор ден по ред го прекина својот тренинг пред САД опен кој почнува задутре. Поради мали физички проблеми, тој си замина во соблекувална после 27 минути тренирање.
Станислас Вавринка го чекал Ѓоковиќ половина час, по што Србинот се појавил, но не се ни загреаја како што треба, Новак одлучил да го прекине тренингот откако почувствувал мала непријатност и не сакал да ризикува.
За каква повреда станува збор, Ѓоковиќ ќе каже подоцна вечерва на прес-конференција.
Инаку, и Карлос Алкараз денеска предвреме го прекинал тренингот откако го свиткал зглобот на ногата.
https://twitter.com/i/status/1827391293397536905