Не само во Колумбија, и во Еквадор се појави прволигаш со седуммина играчи, мечот траеше 17 минути

Скандалот во Колумбија со тоа што не му дозволија на тим да го одложи мечот поради многу заразени со корона-вирусот зеде замав и во други земји од јужноамериканскиот континент, поточно во Еквадор.

Тимот од Колумбија мораше да игра 90 минути со седуммина играчи и загуби со 0-3, со голови примени во второ полувреме.

Во Еквадор, екипата на Аукас на гостувањето кај Барселона во Гвајакил дојде само со шестмина играчи, плус голман. По 17 минути, Барса водеше со 2-0, а голманот на Аукас, Јоан Лара, се повреди и судијата го прекина мечот, па домашните добија службена победа од 3-0.

- Оглас -

Најнови вести