Неславно заврши мечот на којшто играа со двајца голмани, а мораше да игра и синот на газдата (Видео)

Колумбискиот прволигаш Рионегро Агвилас Дорадас не успеа да го доигра мечот против Бојака Чико во колумбиското првенство. Домаќините имаа дури 15-мина играчи позитивни на корона-вирусот, плус неколку повредени, па побараа средбата да се одложи.

Сепак, од Колумбиската фудбалска федерација не дозволија мечот да биде одложен, па домаќините мораа да бараат начин како да истрчаат со минималниот број од седуммина играчи на теренот. Играа со двајца голмани, а на теренот мораше да се најде и синот на газдата на клубот.

Иако цел меч беа со четворица играчи помалку, неверојатно беше дека по првото полувреме резултатот беше 0:0. Дури во вториот дел беше скршен отпорот на Рионегро Агвилас Дорадас, кога играчите на Бојака Чико дадоа три гола. На неколку минути пред крајот, се повреди еден домашен играч, па на теренот останаа само со шетмина фудбалери.

Во таквиа ситуација, правилата на ФИФА велат дека мечот мора да се прекине бидејќи седум е минимум број на фудбалери на терен во една екипа.

Пред почетокот на мечот, фудбалерите на  Рионегро Агвилас Дорадас истрчаа со транспарент на кој  побараа ферплеј и дека животот е на прво место.

https://youtu.be/lpdAP_5CXz0

 

- Оглас -

Најнови вести