Не се карале, Жозе и Лампард си споделиле совети еден на друг

Тотенхем преку пенали го елиминира Челзи од Лига купот на Англија и се пласираше во четвртфиналето под драматичниот дуел кој се одигра на стадионот на Тотенхем.

Драмата се случуваше и на теренот и покрај аут-линијата, и секако, со посебно внимание се испрати расправијата на двајцата менаџери. Мурињо и Лампард имаа успешна соработка во периодот кога Португалецот го водеше Челзи, а Лампард сè уште беше фудбалер, но во ситуација кога се тренери на градски ривали, се заборава на пријателството.

Сепак, не се работело за караница, туку Жозе и Френк си споделиле совети со поагресивен пристап од обично.

„Се забавуваме покрај аут-линијата, на Жозе му напоменав дека повеќе зборува со судиите отколку со своите играчи“, изјави Лампард по мечот.

„Френк, те молам, мораш да бидеш смирен кога твојот тим води исто како што си смирен кога губите“, му вратил Мурињо.

И двајцата по мечот истакнаа дека нивната врска е иста како и претходно, се почитуваат како професионалци и пријатели.

- Оглас -

Најнови вести