Сезар со топ-финта му посака добредојде на Регилон во Англија, Тотенхем на пенали го елиминира Челзи во ЕФЛ-купот (Видео)

Тотенхем го елиминира Челзи во меч од Лига купот на Англија по подобро изведување на пеналите со 5:4, откако сите изведувачи на ударите од белата точка кај победничкиот тим погодија, а Мејсон Маунт промаши за Челзи во петтата серија.

Во регуларниот дел беше 1:1. Челзи поведе со 1:0 по одличната акција во 19-тата минута. Тимо Вернер го постигна првиот гол во дресот на тимот од „Стемфорд бриџ“, а голема заслуга има бекот Сесар Аспиликуета.

Капитенот на Челзи со одлична финта го излизга Серхио Регилон и го пронајде Вернер, па Германецот погоди за предност на домаќините.

https://twitter.com/SnapGoal/status/1311019841671880706?s=20

Регилон и покрај киксот при водечкиот гол на Челзи, имаше солидно деби за Тотенхем и беше асистент при израмнувачкиот гол што го постигна Ерик Ламела во 83-тата минута.

Во пенал-серијата немаше утка до петтата последна серија и промашениот пенал на Маунт одлучи Тотенхем да се пласира понатаму во Лига купот на Англија.

- Оглас -

Најнови вести