Не се пријатни гостувањата во Варшава: Наполи губи, а беше и исвиркан за клекнувањето

Скромни седум голови паднаа во првото полувреме на осумте натпревари од Лигата на Европа кои почнаа во 18.45 часот. Еден од головите беше во мрежата на Наполи на гостувањето кај Легија Варшава, а стрелец беше Азербејџанецот Махир Емрели.

Елиф Елмас е стартер кај Наполи и имаше една одлична шанса, но голманот на полскиот тим го одбрани шутот на македонскиот фудбалски дијамант кој игра како лево крило. Пјотр Зјелински ја погоди рамката од голот и можеше да биде стрелец за Наполи против своите сонародници, но Наполи има негатива од 0-1 по првите 45 минути.

Пред почетокот на средбата, фудбалерите на Наполи клекнаа на колена како симбол на борбата против расизмот, но за тоа беа жестоко исвиркани од полските фанови.

- Оглас -

Најнови вести