Не се сите Велшани исти – Ремзи од прв ден прозборе италијански (Видео)

Арон Ремзи при претставувањето како нов член на Јувентус, на почетокот кажа неколку реченици на италијански јазик и рече дека го учи јазикот на земјата во која ќе игра.

Ова е голема разлика во однос на еден друг Велшанец, Герет Бејл, кој од 2013 година е во Реал Мадрид, и уште нема дадено интервју на шпански јазик, иако некои негови клупски колеги го бранеа дека разбира сè, но „малку потешко зборува“.

Тоа што Ремзи со само неколку дена престој во Италија зборува подобро италијански, отколку Бејл за шест години што прозборе шпански, беше причина за многу шеги на сметка на Бејл по социјалните мрежи. Веројатно не му се погоди професорот кој го учи шпански јазик.

Еве како Ремзи „парла италијано“:

- Оглас -

Најнови вести