Не се во Топ-100 најдобри фантазери, а ги собраа сите ваучери – Победникот имаше златна резерва за победа (Фото)

Александар Пумпалоски  е победник во 13-то коло на екстра популарната игра „Фантази Премиер лига“, како учесник во Лигата на Спорт Манија, а си освои ваучер од 300 денари во Sport Life со најдобар тим, со кој собра 88 поени.

Интересно е што Пумпалоски победи благодарение на златната резерва Нико Вилијамс од Нотингам форест, а воопшто не е ни близу до Топ-100 во Генералниот пласман во групата на Спорт Манија, што е потврда дека секој учесник има шанса да победи и да добие ваучери во следните рунди на мегапопуларната игра.

Во последен миг, при последните автоматски корекции на организаторите на светски популарната игра, Вилијамс се најде во првиот тим на местото на Ромеро од Тотенхем и со шест поени му донесе победа на Пумпалоски.

За второто место имаше мртва трка на двајца фантазери што освоија ист број на поени, по 84.

Второто место и ваучер од 200 денари во Sport Life ги доби Ненад Крајчиновиќ, кој е на 120-тото место во Генерален пласман и во тој сегмент е подобар од Петар Куциноски, кој е на 367-мата позиција и поради послаб вкупен пласман, е трет со награден ваучер од 100 денари што може да го искористи во Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести