Не се знаеше кој кого тепа, еден навивач остана патосиран на улица (Видео)

Лондонскиот дуел од четвртфиналето на Лига купот меѓу Тотенхем и Вест хем имаше предигра низ улиците на главниот град на Англија. Навивачите на двата тима се пресретнаа пред стадионот и започна хаос.

Почна тепачка во која не се знаеше кој кого тепа затоа што ниту еден од навивачите немаше клупски обележја.

Полицијата брзо реагираше и успеа да ги смири страстите, но еден човек потешко настрада и остана да лежи на улицата.

Тотенхем победи со 2:1 на теренот и се пласира во полуфиналето на Лига купот, каде што ќе игра против Челзи. Во второто полуфинале ќе играат Ливерпул и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести