Не секогаш е убаво да го запознаеш својот идол

Рафаел Надал лесно се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос по победата над Себастијан Корда од 3-0 во сетови (6-1, 6-1, 6-2). Шпанецот му одржа лекција на 213-то рангираниот тенисер кој дефитивино цел живот ќе ја памети.

Не секогаш е добро да го запознаеш својот идол, уште помалку да ги одмериш силите со него. Корда во пресрет на овој меч откри дека е голем фан на Надал и дека му е омилен тенисер, што својата мачка си ја крстил Рафа.

Инаку Шпанецот за околу два часа ја заврши работата, па во битката за пласман во полуфиналето на ОП на Франција го чека подобриот од средбата Зверев – Синер, каде што Италијанецот засега изненадува со водство од 2-0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести