Не си играјте со Балканците: од Перо Антиќ до Јокиќ, неколкумина имаа инцидентни ситуации во НБА (Фото)

Жешката балканска крв е причина за потегот на Никола Јокиќ, кој го залепи за паркет откако го удри од зад грб Маркиф Морис од Мајами хит и наиде на осуда, а веројатно му следува и суспензија. Ова не е првпат во НБА играч од просторите на поранешна Југославија да влезе во конфликт со противнички играч, напротив.

И актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, имаше два моменти на работ на инцидент: со Дејвид Вест и со големиот Леброн Џејмс, кого грубо го фаулираше кога суперѕвездата се обиде да забие преку Перо, а заврши на земја.

 

Во минатото и Телетовиќ исто така влезе во клинч со Џејмс, Нуркиќ со Пол Џорџ, Бјелица ќе се тепаше на меч со Орландо, а најнов случај е овој утринскиот со Јокиќ, кој ги загуби нервите. Лицето на Миротиќ настрада на тренинг кога беше нокаутиран од Боби Портис.

 

- Оглас -

Најнови вести