Не сите го сакаат Марадона: Нема да му оддадам чест на силувач и педофил!

Фудбалерката на шпанскиот клуб Виајес, Паула Дапена, протестираше за време на едноминутниот молк во чест на починатата аргентинска легенда, Диего Армандо Марадона.

Дапена смета дека не треба да му се оддава чест на педофил и силувач каков што бил Марадона, и поради тоа седна на тревата свртена со грбот.

„Пред неколку дена немаше минута молк за сите жени кои се жртви на насилство, па затоа јас нема да молчам за еден насилник. Одбив да го направам тоа бидејќи Марадона беше педофил, силувач и насилник, затоа седнав на тревата и го свртив грбот“, посочи Дапена.

Иако целиот свет изминативе денови се простуваше од фудбалскиот великан, има и такви кои не го почитуваат ликот и делото на Марадона.

- Оглас -

Најнови вести