Не смее да остане незабележан: Еврогол на Димарко во стилот на Ван Бастен (видео)

Во доста ефикасното коло во Серија А, Федерико Димарко дефинитивно го постигна најубавиот погодок со кој му донесе предност од 1-0 на Верона на гостувањето кај Торино.

Гостите креираа добра акција која со фантастичен волеј од тежок агол, ја заврши крилниот бек на Верона. Ваков стил на евроголови на времето погодуваше Марко Ван Бастен, и малкумина успеале да го пресликаат потегот.

Штета што евроголот на Димарко не беше доволен за три бода, бидејќи Торино во финишот од средбата се спаси и освои бод при 1-1.

- Оглас -

Најнови вести