Требаше да биде новиот Пеле – Мина низ Јагодина, фудбалски комплетно пропадна и стигна до шведска трета лига

Фреди Аду ќе игра за 15-тиот клуб во кариерата, и тоа во анонимниот шведски клуб Остерлен, кој настапува во третата лига. Некогашниот голем талент на светскиот фудбал, кој најавуваше раскошна кариера и на 14-годишна возраст го споредуваа со Пеле, комплетно се загуби во сивило.

Веќе има 31-година, а кариерата му оди само во надолна линија, иако се очекуваше да биде голем ас. Американците го креваа во облаци со споредба со бразилскиот бог на фудбалот Пеле, „Најки“ со него склучи милионски договор кога Аду сè уште беше тинејџер, но сето тоа е само далечно минато што Фреди не успеа да го преточи во блескава иднина.

Најзначајни клубови за кои играше Аду се Бенфика и Монако, а во 2014 година дури стигна и во соседството и потпиша со тогаш прволигашот од Србија, Јагодина.

Во Остерлен пристигна од Лас Вегас лајтс, екипа што игра во втората лига по ранг во САД, зад познатата МЛС.

 

 

- Оглас -

Најнови вести