Не трпат неуспеси – Лејкерси ќе го сменат тренерот, а на негово место ќе дојде легендата

Лос Анџелес лејкерс пред почетокот на сезоната беа сметани за едни од најголемите фаворити за титулата, а тимот сега нема да игра во разигрувањето.

И покрај тоа што ги ангажираа искусните Кармело Ентони и Расел Вестбрук, јасно е дека тие одиграа многу под нивото кога Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ги немаше на паркетот.

А цената за овој неуспех ќе ја плати тренерот Франк Вогел, којшто ќе биде заменет во наредниот период, односно по крајот на регуларниот дел од сезоната. Како најсериозен кандидат за да седне на клупата на овој тим е легендарниот Док Риверс, којшто во моментов ја предводи Филаделфија.

Риверс во својата кариера има една НБА-титула, и тоа со Бостон селтикс освоена во 2008 година, а се вбројува и меѓу најдобрите 15 тренери во историјата на НБА-лигата.

Вогел, пак, на клупата на Лејкерс е од 2019 година и со овој тим наредната сезона стигна до титулата во „балонот“, којшто се одржа во Орландо поради пандемијата со ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести