НЕ за расизмот – 15 славни црномурести играчи го носеле дресот на Интер

Листата на фудбалери со црна кожа кои настапувале за Интер е импресивна, меѓу 15-те ѕвезди има и славни фудбалери, па затоа навивачите на Интер кои од синоќа се окарактеризирани како расисти треба да се потсетат дека и црномурестите играчи и тоа како придонесувале за клубот да биде еден од најдобрите во Италија.

Само во последните 25 години, дресот на Интер го носеа 15 црномурести фудбалери, меѓу кои доминираат по неколку Бразилци и Африканци. На таа листа се: Маикон, Роналдо Назарио да Лима, Тарибо Вест, Жоао Миранда, Адријано, Марио Балотели, Кларенс Сидорф, Едгар Давидс, Патрик Виера, Самуел Ето, Нванкво Кану, Жоселин Англома, Роберто Карлос, Сали Мунтари и Амантино Мансини.

И во актуелниот состав на Интер има неколку црни играчи, на кои не им било пријатно да слушаат како нивните навивачи го навредуваат Калиду Кулибали поради бојата на кожата на која ја имаат и тие. Навредите кон Кулибали ги затворија вратите на „Џузепе Меаца“ и Интер наредните два меча од Серија А ќе ги игра без публика.

- Оглас -

Најнови вести