Не заборавајте да одиграте Спортска прогноза, последниот рок е до 14 часот, прифатете го предизвикот и типувајте на миланското дерби

Тековното 17-то коло на Спортска прогноза може да се одигра денеска до 14 часот, односно до почетокот на натпреварот од шпанската Ла Лига меѓу Еспањол и Осасуна, за кој прогнозерите веруваат дека ќе го добијат домаќините.

Главен меч во 17-то коло е миланското дерби меѓу Интер и Милан за кое прогнозерите се убедени дека ќе го добијат Нераѕурите. Дури 71.64 отсто веруваат дека Интер ќе победи, а само 10 отсто му даваат шанси на Милан.

Голема е довербата кај прогнозерите и во Штутгарт (67 отсто) дека ќе го победи Вердер, во Хофенхајм (65 отсто) кој игра против Бохум, како и во Бетис (87 отсто) дека пред своите гледачи ќе ја победи Селта.

Има уште дузина интересни мечеви во ова коло, сите се од Топ-5 лигите во Европа и сè уште не е доцна да се приклучите со вашите прогнози.

Со ваши прогнози можете да се приклучите во трката за интересни награди, а ако погодите Тринаесетка можете само да си одберете подарок од трите варијанти што ги нудат Sport Life и Спорт Манија во бесплатната игра:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен Тротинет

X Box Series X

- Оглас -

Најнови вести