Не залудно е „Театар од соништата“: Погледнете ја магијата на Переира (видео)

Манчестер јунајтед и Брентфорд покажаа како ќе изгледаат отприлика нивните дуели во новата сезона од Премиер лигата. На „Олд Трафорд“ нерешените 2-2 беа повеќе од доволни за публиката да ужива во двочасовниот пријателски дуел.

Во првото полувреме Еланга им донесе предност на домаќините во 12-тата минута, а набрзо потоа Баптисте постигна фантастичен погодок за 1-1.

Но, ако голот на Баптисте беше спектакуларен, Андреас Переира ги запали домашните навивачи со бомба каква што ретко се гледа. На Бразилецот му легна топката и од прва од околу 25 метри со помош на гредата изведе вистинска магија. Конечните 2-2 ги постави Мбеумо во 78-мата минута.

Manchester United [2]-1 Brentford- Andreas Pirlo- 50′ from reddevils

- Оглас -

Најнови вести