Не знаат за победа: Лестер и Челзи пак ги поделија бодовите (видео)

Првиот дуел од 25-тото коло во Премиер лигата заврши без победник, Лестер и Челзи ги поделија бодовите при конечни 2-2 на „Кинг Пауер“ стадионот. Ова е четврто реми во последните пет премиерлигашки дуели на Лисиците и Сините, а воедно и беше најефикасно во кое се видоа четири погодоци во второто полувреме.

Уште на стартот од вторите 45 минути Ридигер донесе предност за гостите, но за помалку од 10 минути Барнс го израмни резултатот. За разлика од првото полувреме, се играше подинамично, а избраниците на Брендан Роџерс беа многу поопасни, па така во 64-тата минута Лестер поведе со 2-1 преку Чилвел, но 25 минутната голеада ја затвори повторно Ридигер за конечни 2-2 во 71-та минута.

Лестер останува на третата позиција со 49 бода по овој меч, истото важи и за Челзи кои со 41 бод го држат четвртото место на табелата во англискиот шампионат.

https://twitter.com/GollerDunyasi/status/1223606659773292546

https://twitter.com/GollerDunyasi/status/1223607014389141504

https://twitter.com/GollerDunyasi/status/1223607552971362304

https://twitter.com/GollerDunyasi/status/1223607974574403586

- Оглас -

Најнови вести