Не знаеше со кого разговара, па го праша НБА играчот дали од на НБА мечеви (Видео)

За 10-тина дена ќе започнат предсезонските мечеви на НБА клубовите, а играчите полека влегуваат во ритам. Една американска новинарка која правеше прилог за тимот на Јута џез се посрамоти откако не го препозна Џордан Кларксон, играчот на Џезерите.

Репортерката која правеше анкета на случајни минувачи за тоа дали одат на НБА натпревари, го сопре Кларксон и не го препозна. „Дали сте биле во живо да следите некој меч на Јута џез?“, беше прашањето на новинарката, а реакцијата на Кларксон беше одлична откако „мртов-ладен“ одговори „Да, на многу сум бил“. НБА кошаркарот подоцна рече дека воопшто не се налутил затоа што новинарката не го препознала.

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига ќе започне на 19 октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести