Неапол вечерва ќе грми: Најдолгиот и најсилен аплауз во чест на Дон Диего

Неапол вечерва ќе биде во центарот на вниманието не само поради мечот меѓу Наполи и Риека, во кој ќе има македонска пресметка меѓу Елиф Елмас и Дарко Велковски. Се подготвува спектакуларно испаѓање на Диего Марадона, целиот град ќе грми во чест на аргентинскиот виртуоз кој вчера почина на 60 години.

Имено, на сите жители им е наредено во 20:45 да излезат од своите домови и да ракоплескаат најсилно што можат. Како што е најавено, тоа ќе биде најдолгиот аплауз што ќе биде во чест на Марадона и ќе трае до почетокот на средбата во 21 часот.

Марадона можеби своите најдобри денови од блескавата кариера ги помина токму на „Сан Паоло“. Од Наполи направи двократен италијански првак, пред неговото доаѓање таков успех беше незамислив за овој клуб.

Поради сета радост која Марадона ја донесе во Неапол, вечерва целиот град ќе ечи во негова чест, со оглед на тоа дека навивачите на Наполи не можат да присуствуваат на стадион за време на средбата против Риека.

- Оглас -

Најнови вести