Небески скок на Ван Дајк, Ливерпул има големи 2-1 на „Алијанц“ (видео)

Ливерпул повторно води на „Алијанц арена“ во дуелот против Баерн Минхен. Вирџил ван Дајк реализираше за 2-1 во 69-тата минута, по одлично изведен корнер на искусниот Милнер.

Холандскиот стопер беше повисок во скокот од Хумелс и го натера Нојер по вторпат да ја вади топката од својата мрежа. На Баерн му се потребни два гола ако сака да се најде меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите.

https://www.dailymotion.com/video/x745l41

- Оглас -

Најнови вести