Небесниот скок на Поп ја одведе Германија до финале против домаќинките на женското ЕП (видео)

Германија против Англија ќе биде големото финале на женското Европско првенство откако Панцерките вечерва ја совладаа Франција со 2-1 и двата гола на Александра Поп.

Напаѓачката на Волфсбург ги забележа петтиот и шестиот гол на континенталниот собир и засега е втора најефикасна фудбалерка, зад Бетани Мид, која исто така има шест погодоци, но и четири асистенции.

По израмнетите сили во првиот дел при 1-1, Поп ја среши средбата во 76-тата минута со небесниот скок и забивајќи со глава, по три блокирани обиди од страна на противничката одбрана.

Голот можете да го видите на следниот ЛИНК.

Англија вчера ја декласира Шведска со 4-0 во првото полуфинале, па сега на 31 јули ќе се води битката за европската титула.

- Оглас -

Најнови вести