Недолично за еден Крал: Леброн предвреме го напушти теренот (видео)

Мајами намали на 2-1 во финалната серија против ЛА лејкерс по победата од 114:105 и шоуто на Џими Батлер. Жешките без клучните играчи Драгиќ и Адебајо го направија финалето поинтересно, но она што се случи на крајот од средбата не се видело во изминативе дваесетина години.

Леброн Џејмс го копираше Ајзеа Томас, лошото момче од Детроит пистонс, кој во 1991 година во конференциското финале против Чикаго на Мајкл Џордан непосредно пред клучниот пораз се упати кон соблекувалната, а неговите соиграчи го следеа.

Кралот го напушти теренот пред да заврши средбата, на десетина секунди до крајот, кога веќе немаше дилеми. Мајами имаше посед на топката, Џејмс се упати кон соблекувалната, односно надвор од теренот го дочека последниот свиреж на сирената.

Крајно недолично однесување за еден Крал, кој е голем победник, но очигледно не знае да се носи со порази.

https://www.youtube.com/watch?v=8PLM9fwxCMA&feature=youtu.be

- Оглас -

Најнови вести