Негативен ковид-19 тест за Роналдо

Кристијано Роналдо доби позитивни вести, или поточно негативен тест за ковид-19, по што е слободен да го прекине карантинот по 19 дена.

Португалската мегаѕвезда на Старата дама го победи корона-вирусот откако се зарази на последната репрезентативна пауза, и имаше два позитивни теста во изминатиот период по што го пропушти дербито против Барселона.

Потврда за негативните резултати од денешното тестирање стигна од таборот на Јувентус.

„Резултатите од тестот на Кристијано Роналдо за ковид-19 е негативен. Нашиот член целосно закрепна од корона-вирусот и ќе може да го прекине карантинот по 19 дена“, стои во соопштението.

Роналдо сега ќе може да се приклучи на екипата за претстојните натпревари, по што наскоро ќе се знае дали ќе биде дел од тимот на Пирло веќе за гостувањето кај Специја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести