Неговиот тим е лидер во една од Топ 5 лигите, а тренерот вели дека главна цел им е опстанок

Унион Берлин е најпријатното изненадување во Топ 5 лигите во Европа откако тимот кој до пред четири години играше во втора лига, сега е лидер во Бундеслигата. По 10 одиграни кола, Унион Берлин има седум победи, две нерешени и само еден пораз, па со 23 освоени бода е четири бода пред гигантот Баерн Минхен.

Ваков старт на тимот никој не очекувал, призна тренерот Урс Фишер. Според Фишер, главна цел пред почетокот на првенството било да се обезбеди опстанок во елитата. Според Фишер, опстанокот уште е главен приоритет, иако веќе е речиси сигурно дека тоа ќе се случи.

„Пред почетокот на сезоната поставивме цел да стигнеме до 40 бода во сезоната. Ние нема да ја смениме нашата цел. Досега освоивме 23 бода“, коментираше Фишер.

- Оглас -

Најнови вести