Неговиот тим го елиминира европскиот првак во ЛШ, а сега тој е прва цел на Клоп

Ливерпул во летниот преоден рок ќе тргне во шопинг на дефанзивец, а прв на листата желби кај Јирген Клоп се најде Хосе Марија Хименес. Стоперот на Атлетико Мадрид е еден од играчите за кои Германецот смета дека одлично би се вклопил во неговиот тим, па затоа офанзивно ќе тргне по неговиот потпис.

Иако Хименес има огромна клаузула од 120 милиони евра во договорот кој му важи до јуни 2023 година, Уругваецот го загуби статусот на недопирлив во редовите на Јорганџиите, па затоа преселба на Островот во текот на летниот преоден рок е една од опциите за него. Хименес беше миленик на Диего Симеоне, но повредите оваа сезона го спречија во целост да биде на располање, па затоа одигра само 16 меча пред прекинот на сезоната.

Во двомечот против Ливерпул во осминафиналето од ЛШ учествуваше само петнаесетина минути, односно го одирга второто полувреме од продолженијата на „Енфилд“, меч во кој Атлетико славеше со 3-2. Претходно првата средба на „Метрополитано“ ја проследи од клупа, а стоперскиот двоец Савиќ – Ермосо беше непробоен ѕид за Црвените.

- Оглас -

Најнови вести