Неизвесен настапот на Несторовски на ЕП!

Според информациите на италијанските медиуми, македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски, го повредил коленото на вчерашниот тренинг на Удинезе и денеска треба да се види точната дијагноза, и дали има истегнување на лигаменти, или кинење, по што ќе биде познато колку време ќе биде надвор од теренот.

Но, што е да биде, за него најверојатно е завршена сезонава во Серија А и настапот на ЕП во моментов му е крајно неизвесен.

Несторовски е прв избор за напаѓач кај селекторот Игор Аннгеловски, само за мечот со Германија не настапи поради некултурниот гест на средбата со Лихтенштајн. Првиот меч на Македонија на ЕП на 13-ти јуни против Австрија во Букурешт.

Утре Удинезе гостува кај Беневенто, и Нестор сигурно нема да игра, но нашата јавност ја интересираат резултатите од снимките, по што ќе се знае дали тој ќе може да игра на Еуро 2020.

- Оглас -

Најнови вести