Неизвесно ќе биде на „Стемфорд бриџ“, Барса без два гола не си оди од Мадрид

Вонредното, 28-мо коло во Премиер лигата на мени нуди градско дерби, Челзи го пречекува Тотенхем. Сепак, акцентот се става на Ел Класико, а се очекува интересна пресметка и во Холандскиот куп меѓу Феенорд и Ајакс.

Реал Мадрид – Барселона (21 часот)

На „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одлучува финалистот за Купот на Кралот. Сите карти се отворени, 1-1 е резултатот по првата средба на „Камп ноу“, но Реал ниту на домашен терен не е фаворит. Сепак, ако некој тим знае како е да ја елиминираш Барселона во двомеч во шпанскиот куп, тоа е Реал Мадрид. Последната елиминација на Барса во елиминациска фаза во ова натпреварување беше токму од Реал.

Европскиот првак 34 пати од 38 обиди одел понатаму откако на првиот меч на гости имал нерешено. Но, сега ривал му е Барселона, која во последните години полесно излегуваше на крај со „кралевите“ во Мадрид отколку на „Камп ноу“..

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.45)

 

Челзи – Тотенхем (21 часот)

Секогаш е возбудливо во Лондон кога играат Челзи и Тотенхем, сепак градско дерби е, желбата за победа е огромна. „Петлите“ водат 2-1 во овосезонските пресметки против тимот кој го води Маурицио Сари. Победија по еднаш во првенството и во првиот полуфинален меч во Лига купот, а Челзи славеше во реваншот со 2-1.

„Сините“ сега имаат прилика да ги подмират сметките, во спротивно ќе имаат многу поголеми проблеми од сега, ќе се оддалечат од местата кои водат во Лигата на шампионите, што е цел на тимот од „Стемфорд бриџ“.

Предлог тип: 1X 2-4 (2.25)

 

Арсенал – Борнмут (20:45 часот)

Фудбалерите на Унаи Емери ќе сакаат да го продолжат успешниот учинок во дуелите против „црешите“. Во седум меѓусебни пресметки, Арсенал само еднаш претрпел пораз од Борнмут, тоа беше лани, кон крајот на јануари (2-1), а само на еден меч не се одлучил победник. Останатите пет меча се во корист на „топчиите“, а вечерва ќе сметаат на нови три бода во обид да се доближат до Тотенхем, односно да ја зголемат предноста во бодови во однос на Манчестер јунајтед.

Предлог тип: 1 & 0-29мин. (2.45)

 

Фиорентина – Аталанта (21 часот)

Фиорентина и Аталанта ќе се сретнат двапати во наредните пет дена, а вечерва на „Артемио Франки“ се игра првиот полуфинален меч во Купот на Италија. Иако на последните пет меѓусебни средби не се постигнале повеќе од два гола, односно често се завршувале со реми, да се надеваме дека нема да се повтори вчерашниот исход меѓу Лацио и Милан, мечот на „Олимпико“ кој заврши без голови.

Во рамките од италијанскиот Куп, овие две екипи последен пат играа во јануари 2015 година, пласман во четвртфинале тогаш обезбедија „виолетовите“ со тирумф од 3-1. Ако се гледаат целокупните средби, на фудбалерите на Гасперини не им се пишува добро, Аталанта нема победа над Фиорентина од 2012 година, ниту како домаќин, ниту како гостин.

Предлог тип: 1X & T12+ (2.45)

 

Феенорд – Ајакс (20:45 часот)

Бранителот на трофејот од Холандскиот куп пред своите навивачи го пречекува големиот ривал Ајакс, се очекува супер пресметка во борбата за пласман во финалето. Кој било да обезбеди борба за пехарот, ќе биде фаворит во финалето, бидејќи вториот пар во полуфиналето е Вилеем – АЗ Алкмар.

Избраниците на Џовани ван Бронхорст во период од три дена ќе го играат вториот меч против ривал. Во неделата ремизираа со шампионот ПСВ Ајндховен при конечни 1-1, додека точно пред 30 дена, на 27-ми јануари, тимот од Амстердам претрпе еден од најголемите порази во својата историја, токму на стадионот каде што вечерва ќе гостуваат. Големите 6-2 на Феенорд се најава дека Ајакс ќе треба да се надмине себеси за да се избори за посакуваното финале.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.02)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести