Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар е подготен да направи неочекувана одлука. Би се одрекол од огромниот договор и платата што ја добива во Саудиска Арабија, за да се врати во Европа и повторно да го облече дресот на Барселона.
Нејмар има договор според кој годишно добива неверојатни 150 милиони евра во Ал-Хилал. Минатата сезона одигра само неколку меча, а потоа се повреди и ја пропушти речиси целата сезона.
Сега најавите се дека Нејмар сака да се врати во Барселона, клубот каде што помина четири одлични години од 2013 до 2017 година. Каталонскиот гигант потоа го продаде Нејмар во Пари Сен Жермен, и тоа за рекордна сума од 222 милиони евра. Оваа сума уште е рекордна за трансфер на еден играч.
„Нејмар сака да се врати во Барселона. Тоа го сака по секоја цена“, открива новинарот Жоан Фонтес.
Нејмар во ПСЖ играше од 2017 до 2023 година, а потоа го прифати предизвикот да замине во Саудиска Арабија, каде што потпиша двегодишен договор, но сега само по една година и само неколку одиграни меча, можно е да си замине и тоа за да се врати во Барселона.