Нејмар е како машина за маркетинг: Стигна до 35-тиот спонзор во кариерата

Нејмар на максимален начин ја наплатува својата популарност. Голгетерот на Пари Сен Жермен блеска на теренот, но исто така е многу успешен и надвор од него. Неодамна Нејмар стана светски амбасадор на Националната банка на Катар и со тоа стигна до бројката од 35 компании кои биле дел од неговата маркетинг-агенда. Ниту еден фудбалер во светот нема повеќе спонзорски договори од Бразилецот.

Најскапоплатениот фудбалер во светот моментно соработува со светски познати компании, како што се: „Најки“, „Риплеј“, „Мекдоналдс“, „Жилет“, „Ред Бул“…

„Без дилема, Нејмар е најдобриот амбасадор на нашиот бренд“, стои во дел од соопштението на Националната банка на Катар.

Нејмар има повеќе од 209 милиони следбеници на друвштвените мрежи, а моментно заработува околу 15 милиони евра од 20 активни спонзори. Бразилецот синоќа блесна на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград и беше еден од најдобрите во победата на ПСЖ против Црвена ѕвезда од 4-1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести