Нејмар е разгален и е далеку од Меси и Роналдо

Поранешниот бразилски репрезентативец Нето го критикува Нејмар и вели дека се однесува како разгалена фудбалска ѕвезда.

„Сè уште е далеку од Меси и Роналдо. Секако дека Нејмар е меѓу најдобрите играчи на светот, но мора да го смени карактерот и да не биде разгалена фудбалска ѕвезда. Погледнете ги Меси и Роналдо како се борат, а веќе се докажани фудбалери со многу успеси и трофеи“, вели Нето.

Тој има најмногу забелешки на глумењето на Нејмар на теренот, нешто што не им се допаѓа најчето ниту на обичните фудбалски вљубеници.

 

- Оглас -

Најнови вести