Нејмар го има најубавиот погодок во групната фаза од Лигата на шампионите (видео)

Прекрасниот погодок на Нејмар во победата на ПСЖ од 5-1 над Истанбул Башакшехир во последното коло, е избран за најубав гол во групната фаза од Лигата на шампионите.

Суперѕвездата на Светците во мечот кој се доигруваше ден подоцна по настанатиот инцидент во Париз, на мајсторски начин погоди за 1-0 во корист на домаќините и најави голеада.

Нејмар со одличен прием лесно се ослободи од противникот протнувајќи му ја топката низ нозе, а потоа во пад упати презицен удар во подалечниот агол од голот на Ѓонук.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1339942584353996800

- Оглас -

Најнови вести