Нејмар изрази желба да игра во ист тим со Кристијано Роналдо

Нејмар и дефинитивно нема да се врати во Барселона по продолжувањето на договорот со ПСЖ до јуни 2025 година. Неговата мисија е да ја донесе европската титула во Париз, до која најблиску беше да ја оствари минатата сезона, но го загуби финалето од Баерн Минхен.

Бразилската ѕвезда знае како може од ПСЖ да направи европски првак, па со својата изјава предизвика турбуленции дека можеби летово ќе се случи нов голем трансфер на „Паркот на принцовите“. Имено, Нејмар посочи дека посакува да игра во ист тим со Кристијано Роналдо, кој моментално е на излезна врата од Јувентус по оваа неуспешна сезона за Бјанконерите.

„Досега играв покрај големи фудбалери, како Лионел Меси и Килијан Мбапе, но би сакал да бидам во ист тим и со Кристијано Роналдо“, изјави Нејмар.

Пред Роналдо е бурно лето во кое ќе мора да ја промени средината откако потфрли со Бјанконерите во Лигата на шампионите, па својата цел да биде европски првак со три различни клуба можеби ќе ја оствари доколку се пресели во Градот на Светлината.

- Оглас -

Најнови вести