Нејмар може да биде казнет дури со 7 меча суспензија!

Голгетерот на Пари Сен Жермен, Нејмар, може да добие драстична казна по синоќешниот инцидент на дербито против Олимпик Марсеј. ПСЖ загуби со 0:1, а во последните моменти од мечот се случи вистински хаос. Повеќе играчи на двата тима се степаа, а беа исклучени вкупно петмина. Тројца беа од Светците, а двајца беа гостински играчи.

Нејмар беше исклучен последен, и тоа откако судијата ја прегледа ВАР-снмиката на која убаво се гледа како Бразилецот подмолно по главата го удира Алваро. Подоцна Нејмар и преку социјалните мрежи продолжи со „војната“, изјавувајќи дека жали што повеќе не го истепал противникот.

Од друга страна, Алваро може да заработи суспензија и до 10 натпревари ако се докаже дека навредувал на расна основа. Конечната одлука околу овој инцидент треба да биде позната за две дена.

Според француските медиуми, удирањето на противнички играч со намера без топка ќе значи дека Нејмар ќе паузура меѓу четири и седум меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести