Нејмар одбил да стане популарен како Џордан

Нејмар уште како тинејџер се прочу во фудбалскиот свет и веќе на негови 18 години беше јасно дека ќе прерасне во мегаѕвезда каква што е денес. Додека играше за Сантос, најголемите европски гиганти на секакви начини се обидуваа да го добијат неговиот потпис, меѓутоа тој чекаше понуда од Барселона која во 2013 конечно ја доби и воедно ја прифати.

Сепак, Нејмар пропуштил да стане популарен како Мајкл Џордан само за да го облече дресот на каталонскиот гигант. Поранешниот спортски директор на Челзи Мајкл Еменало, во 2010 година го имал првиот обид да го донесе Нејмар на „Стемфорд бриџ“, нудејќи му богат повеќегодишен договор, скап автомобил и луксузна вила во Лондон, меѓутоа Бразилецот и неговиот татко, Нејмар сениор кој е негов агент, ја одбиле таа понуда.

Сините, односно Еменало три години подоцна повторно воспоставил контакт со Нејмар, а понудата била уште попримамлива. Еменало му ветил на Нејмар дека во Челзи ќе има улога каква што Џордан имаше во Чикаго булс. Да стане икона на клубот, воедно на фудбалот и да биде најпопуларен фудбалер на светот. Меѓутоа Нејмар одбил и вторпат преселба во Премиер лигата бидејќи претходно веќе постигнал усмен договор со Барселона.

- Оглас -

Најнови вести