Нејмар ослободен од обвинението за силување

Нејмар сигурно ќе го памти летово кое е многу турбулентно за него. Најпрво се повреди и не настапи на Копа Америка, на која Бразил го освои златото. Веднаш по повредата, Бразилецот беше обвинет за силување на една девојка. Најла Триндаде е девојката која откри дека пред неколку месеци добила покана од Нејмар да оди кај него во Париз.

Кога пристигнала, Нејмар се обидел да ја силува во хотелска соба. Дури се појави и еден видеоклип на кој се гледаат фудбалерот и девојката, каде што се гледа дека имаат некаков вид расправија. Најла го обвини Нејмар дека прво ја истепал, а потоа и ја силувал.

Нејмар веднаш ги демантираше овие обвинувања, велејќи дека се работи за лага. Фудбалерот неколкупати мораше да оди и во полиција на испрашување, а сега, по неколку месеци од почетокот на тој случај, беше одлучено дека Нејмар е невин и дека нема доволно докази околу наводното силување.

„Тоа беше интимна работа. Нормален однос помеѓу маж и жена помеѓу четири ѕида како и со секоја друга девојка. Ни следниот ден ништо не се смени. Ми бараше да ѝ купам сувенир за нејзиното дете“, рече Нејмар кога сведочеше за случајот.

По завршување на овој случај, Нејмар може да се фокусира на фудбалските работи. Доколку не го добие бараниот трансфер од Пари Сен Жермен, тој ќе треба да се појави на теренот на 3 август, кога францускиот првак го игра дуелот од Суперкупот на Франција против Рен.

Попладнево од 14 часот, ПСЖ игра пријателски меч со Сиднеј, а во Sport Life, може да ги видите и сите пријателски средби кои се денеска на понудата

- Оглас -

Најнови вести