Нејмар се радуваше на погодоците на Мбапе, како никогаш да не играл за Барселона (Видео)

Нејмар поради повреда синоќа го немаше во тимот на ПСЖ на дуелот против Барселона на „Камп ноу“. Бразилецот пред мечот велеше дека му е многу тешко што нема да игра на мечот против својот поранешен клуб.

ПСЖ убедливо со 4:1 ја победи Барселона, а хет-трик постигна Килијан Мбапе. Нејмар на телевизија го гледаше дуелот, а на секој погодок на ПСЖ жестоко се радуваше. Едноставно, на Нејмар воопшто не му беше гајле за клубот во кој играше во периодот од 2013 до 2017 година и со кој стана европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести