Нејмар се реши каде ќе игра до 2026 година

Француските медиуми тврдат дека Нејмар веќе постигнал договор за продолжување на договорот со Пари Сен Жермен. Минатата година постоеја шпекулации дека Нејмар ќе си замине од францускиот првак за да се врати во Барселона, но сега работите целосно се променети.

Актуелниот договор на Бразилецот е до јуни 2022 година, а најавите се дека новиот договор ќе го „врзе“ на „Паркот на принцовите“ до 2026 година. Пред две недели Нејмар го прослави 29-тиот роденден, што значи дека ако потпише нов договор со ПСЖ, неговиот план ќе биде да остане во клубот до 35 години.

Моментно Нејмар годишно заработува 31 милиони евра во ПСЖ, а со новиот договор таа сума сигурно би била и поголема. Бразилецот пристигна во ПСЖ во 2017 година и во 103 средби досега постигна 83 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести