Нејмар се враќа на теренот, но не во дресот на ПСЖ

Неславно заврши желбата на Нејмар да си замине од Пари Сен Жермен и повторно да го облече дресот на Барселона. Бразилецот категорично велеше дека неговата авантура во ПСЖ е минато, но сепак, откако не направи трансфер, стана јасно дека најмалку уште шест месеци ќе мора да биде дел од Светците.

Нејмар летово закрепнуваше од повредата здобиена за време на подготовките со Бразил за настап на Копа Америка. Поради таа повреда, Нејмар не играше на континенталниот собир, а Кариоките стигнаа до златото.

По пауза од речиси четири месеци, најскапиот играч во светот се очекува повторно да биде на теренот, но не во дресот на ПСЖ. Нејмар се очекува да биде во составот на Бразил за пријателскиот дуел против Колумбија, кој ќе се игра во Мајами, в петок.

 

- Оглас -

Најнови вести