Нејмар си е Нејмар, на собирот на репрезентација дојде со – хеликоптер (Видео)

Бразилските фудбалери беа повикани од селекторот Карло Анчелоти во Тересополис за да ги започнат подготовките за Светското првенство, а последен што пристигна беше Нејмар, и тоа ѕвездата допатува на спектакуларен начин, со својот хеликоптер.

Нејмар не пропушти прилика да покаже гламур и да биде во центарот на вниманието!

Сепак, штом неговите нозе ја допреа земјата, еуфоријата кај навивачите беше заменета со загриженост. Има оток на листот на ногата и сигурно е дека Нејмар нема да настапи на двата претстојни теста против Панама (31 мај) и прротив Египет (6 јуни).

Легендарниот ас не го носел жолтиот дрес уште од 17 октомври 2023 година, кога доживеа сериозна повреда на коленото во квалификацискиот натпревар против Уругвај. Враќањето на „изгубениот син“ требаше да биде прослава на фудбалот, но повредата на листот малку ги расипа плановите.

Од 26-те повикани играчи, отсутни се само Габриел Магаљаес, Габриел Мартинели и Маркињос, кои ќе се приклучат директно во САД следната недела, откако в сабота ќе го одиграат финалето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести