Нека не му даваат веќе да шутира, изведе три пенали сезонава, не реализира ниту еден

За Браис Мендес од Реал Сосиедад не важи „трета среќа“ бидејќи и во третиот обид сезонава да даде гол од пенал не успеа.

Мендес вечерва имаше можност од белата точка да му донесе предност на Реал Сосеиедад против Мајорка во полуфиналето на шпанскиот куп, но неговиот шут го одбрани гостинскиот голман.

Мендес сезонава изведе три пенали, еден во Лигата на шампионите и два во Купот на кралот во Шпанија, но имаше три утки.

- Оглас -

Најнови вести