Нека не се повтори – Милик нѐ памети по арно, против Македонија го постигна деби-голот за Полска

Аркадјуш Милик по арно ја памети Македонија, а особено како што вели, му останал убав спомен со првиот гол што го постигна како репрезентативец на Полска токму против нас.

На пријателскиот меч што се играше на 14 декември во 2012 година на „Мардан арената“ во Анталија, Полјаците славеа убедливо со 4:1, а Милик го постигна својот првенец за националниот тим во 12-тата минута.

„Секако дека го паметам и мечот против Македонија, особено голот. Секогаш се памети првиот гол за репрезентацијата. Но, сега во Скопје ќе играме поинаков меч, овде бодовите се бројат, но верувам дека сме подобри и дека ќе победиме повторно“, вели напаѓачот на Наполи и на полската репрезентација.

Полска нема пораз од нас на досегашните три меѓусебни дуели, сите пријателски. Имаат две победи со по три гола разлика, 4:1 и 3:0 и едно реми, 1:1, но како што вели Милик, ова сепак ќе биде поинаков меч, со натпреварувачки карактер за пласман на ЕП 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести